УЈП затвори седум златари во Охрид и осум во Струга
Управата за јавни приходи и пазарната инспекција затворија 15 златарници и бетонска база во Охрид и во Струга во вчерашната заедничка акција со полицијата. Седум златарници се затворени во Охрид, а осум во Струга.

Инспекторите утврдиле низа прекршоци поради неиздавање фискални сметки по што златарниците нема да работат во наредните 15 дена. Нивните сопственици се казнети со по 3250 евра. Пазарниот инспекторат одзеде и четири килограми злато, како и половина килограм златен накит. Парична глоба од 3250 евра заработи бетонската база во Охрид,с о 2500 евра е казнет правниот субјект, а со 750 евра одговорното лице во базата.