Ебола

Починатиот Британец последен пат бил во Африка пред шест години

10.10.2014 15:06

Британскиот државјанин кој вчера почина во Скопје е познат бизнисмен. Колин Џефри до пред извесно време беше претседатле на Советот за странски инвеститори во Македонија – поранешен Директор за стратегиски прашања во Џонсон Мети. Според неговиот пријател последен пат бил во Африка пред шест години.

Се уште е блокиран е целиот реон околу хотелот во кој престојувал Британецот. Се применуваат сите карантински протоколи, регистрираше камерата на МТВ. Внатре се 25 мина. Ќе останат во карантин додека не биде познато од што боледувал починатиот Британец. Направена е целосна дезинфекција. Надлежните смируваат нема простор за паника.