Министерство за здравство

Мала е веројатноста за ебола, утре пристигнуваат резултатите

10.10.2014 15:15

Утре попладне треба да стигнат резултатите од рефернтената лабораторија од Германија, по што ќе се знае од што починал британскиот државајнин...

Засега нема нови сомнтелени случаи. Колегата на Британцетот и другите во карантин немаат никави симтоми и се во добра здравствена состојба. Утре попладне треба да стигнат резултатите од рефернтената лабораторија од Германија, по што ќе се знае од што починал британскиот државајнин.

„Мала е веројатноста дека станува збор за ебола, но додека не ги добиеме резултатите, ќе бидеме претпазливи како да е ебола во прашање“, рече д-р Јованка Кстовска од министерството за здравство.

Според надлежните, добро е тоа што починатиот три дена по ред не излегувал од хотелот. Здравствените власти се на готовност. Ги следат препораките од Светската здравствена организација.

„Сега засега контактите се само од хотелот, и тоа не мал број на контакти, и ги имаме сите. За надвор немам податоци за контактите, но ако се потврди дека се работи за ебола, ќе мора да ги најдеме сите контакти“, рече д-р Јованка Кстовска од министерството за здравство.

Во хотелот во карантин се 25- мина. Со нив има медицински тим, лекар, сестра и епидемиолог за да им дадат медицинска помош ако е неопходна, да им ги објаснат симптомите на ебола. Инфективната клиника работи непречено, освен делот за карантин каде што има 10-тина лица кои биле во контакт со починатиот.

Наташа Јанчиќ