Скопската железничка станица со нов и современ лик
За неполна година скопската железничка станица ќе добие нов и современ лик. Ќе се подобри квалитетот на услугите, ќе се зголемат техничките стандарди. Полесен пристап ќе се овозможи преку два нови лифта, еден за багаж, а ќе бидат обезбедени посебни премини и за патниците со инвалидитет. Во железничката станица ќе се влегува со електронски картички. Реконструкцијата ќе чини 2,9 милиони евра.
„Се прави реконструкција, модернизација и приспособуање на некои делови од станицата“, рече Ирван Асани, директор на МЖ Инфраструктура.

Скопската железница ќе биде центарот во кој ќе се вкрстуваат коридорот 8 и коридорот 10. Потпишан е договор за странски конзорзиум со Француски и Шпански фирми за проект за изградба на делот на пругата од Кичево до Албанија, што ќе значи комплетно поврзување на Македонија со регионот. Преку железничката станица во Скопје лани се превезени околу 650.000 патници, а во 2011, 947, 000.
Железничката станица во Скопје за првп пат беше пуштена во употреба пред 33 години, тогаш таа претставуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија, туку и поширако на Балканот.
Дијана Ценевска