Велес

Започна фестивалот на виното и питата

10.10.2014 16:13

Во градот каде што се подготвува единствената пита пастрмајлија започна единаесетиот фестивал на виното и питата. Три дена гостите и домаќините ќе имаат можност да уживаат во богатата гастрономска понуда. 23 угостители оваа година ја нудат пастрмајлијадата, која гостите имаат можност да ја залијат со вино понудено од осум винарии.

Подготовките завршија,  дегустацијата започна. Велес мириса на пита пастрмајлија. Угостителите и винариите со големи очекувања.

„Очекуваме да продадеме многу повеќе пити од минатата година оти ние ја нудиме најдобрата велешка пита“, рече Александра Николова, угостител.

„Секоја година ни е се повеќе и повеќе зголемуваме за време на питијадата продажбата на вино и се надевам дека ке ја надмине ланската“, Звонко Мечалов, сопственик на винарија.

Во Македонија има многу питијади, но Пастрмајлијада има самово Велес. Единствено тука  ова вековно јадење се подготвува на традиционале начин со овча пастрма.

„Традиција Велес питијада.“

„ Очекуваме да се престават велешани во најдобар поглед.“

„Очекува многу гости добра забава младите да бидат задоволни пред се“, велат анкетираните велешанби

Манифетсацијата  си го најде своето место кај гурманите од регионот. Доказ е рекордниот број на учесници.

„Имаме 50 проценти повеќе учесници од минатата година  ни дава за право да бидеме оптимисти во тоа дека ќе имаме поголем број на гости“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Фестивалот на виното и питата ќе трае три дена. Покрај гурманска понуда, организаторите најавуваат несекојдневна забава со познати музички имиња од Македонија и соседството.

Според пишаните документи првата пита пастрмајлија во Велес е произведена пред 145 години. Оваа година по11-ти пат градот ќе биде домаќин на Фестивалот посветен на виното и питата.

Дијана Иванова