Србија

Поради ебола превентивни мерки на надзор на 708 лица

10.10.2014 16:26

Во Србија од вчера 708 луѓе се ставени под медицински надзор како превентивна мерка со цел да се спречи евентуалното ширење на вирусот на ебола, соопшти српското Министерство за здравство. Од нив 92 допатувале од подрачја погодени од ебола.

Клиниките во Белград, Ниш и во Нови Сад се назначени како објекти во кои ќе се третираат случаите на заболени лица од ебола. Можност на појава на болеста во Србија, пак, се смета за ниска.

"Секој патник кој доаѓа под медицински надзор, со одлука на гранична инспекција има обврска да го посети надлежниот Институтот за јавно здравство во рок од 24 часа", рече д-р Невенка Павловиќ, помошник директор на Институтот за јавно здравје.

Во Србија здравствениот систем е подготвен за можноста од појавата на болеста, а Институтот за јавно здравство утврди процедури кои медицинските установи ќе ги спроведат кај заболените лица.

"Доколку се појават симптоми на Ебола, како што се висока температура, главоболка, болки во мускулите, повраќање и дијареа, лицето треба да се јави на мобилен број на епидемиолошко здравствено лице.  Тогаш јас, како епидемиолог, носам одлука за организирање на трансфер на пациентот во болницата за инфективни и тропски болести, " рече м-р Славица Мариќ, епидемолог.

Помеѓу останатите активности Министерството за здравство презеде мерки за обезбедување и на додатни количини на заштитна опрема.

Еболата се пренесува преку директен контакт со заболено лице. Но во Србија засега нема евидентирано заболени од оваа болест-затоа и нема паника кај граѓаните. Медиумите секојденво ги пренесуваат вестите за епидемијата, како и за случајот со британецот во Скопје.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ