Се интензивираат мерките за справување со потенцијална ебола во Грција
Грција ќе ги интензивира превентивните мерки за справување со потенцијалната појава на ебола во земјата, јавува дописникот на МРТ од Атина. На граничните премини ќе се испраќа дополнителен медицински персонал целосно обучен за справување со вирусот, а посебен режим се воведува за патниците што доаѓаат од загрозените земји. Болницата Амалиа Флеминг во грчката престолнина и натаму останува во специјален режим на подготвеност, а продолжуваат и дневни проверки и контроли на граничните премини.

Откако грчките медиуми јавија за сомнителните случаи во Македонија, во Шпанија и во Чешка, од грчкото минситерство за здравство излегоа со ставот дека нема причина за особена загриженост за ебола во Грција доколку државата биде добро подготвена. Досега во земјата не е регистриран ниту еден сомнителен случај на ебола, а на денешниот состанок на здравствените власти беше заклучено дека особено значајно е и навременото информирање на граѓаните за сите аспекти од вирусот,а особено на оние што доаѓаат во контакт со мигрантите.
Марија Котовска - постојан дописник на МРТ од Атина