Јустиција

Здружението на судии не ги оправдува евентуалните пропусти на приведените

10.10.2014 18:36

Здружението на судиите заседаваше за случајот „Јустиција“. Ниту еден од приведените нивни колеги од судот за прекршоци не се обратил до здружението во врска со настанот, ниту за начинот на спроведувањето на акцијата. Од здружението велат дека не ги оправдуваат евентуалните пропусти на приведените судии.

Здружението на судиите заседаваше за случајот „Јустиција“. Ниту еден од приведените нивни колеги од судот за прекршоци не се обратил до здружението во врска со настанот, ниту за начинот на спроведувањето на акцијата. Од здружението велат дека не ги оправдуваат евентуалните пропусти на приведените судии.

„Здружението на судии на Република Македонија не ги оправдува евентуалните пропусти на колегите судии, но смета дека истите треба правилно да се утврдат и да се определи нивниот карактер, односно дали се тие од кривично-правен аспект или од друг вид поврзани со вршењето на судиската функција согласно со Законот за судовите, Законот на судски совет и Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија,“ велат од Здружението на судии.

Здружението апелира да се почитуваат законот и интегритетот на судиите.

Во акцијата беа уапсени 14 судии и 11 нивни стручни соработници во судот за прекршоци. Во фиока чувале околу  8 илјади предмети  за да застарат - има повеќе причини кои може да се претпостават зошто го правеле тоа?Во дел од обвинението стои дека пред 4 години им биле доставени предмети заповедување прекршочна постапка. Ги работеле во 2012 и во почетокот на 2013 година. Биле донесени пресуди по брза постапка со определени парични казни, но не биле доставени на извршување. Направиле штембил на кој пишувало дека процесот запира заради застарување на делото, а потоа ги носеле во судската писарница.Несовесното работење го оштетило буџетот за над еден милион евра. Поради погрешните постапки добивале и негативни оценки од Судскиот Совет.

„Судиите сакаат на некој начин да ја избегнат одговорноста за начинот на работењето и да не ја прикажат реалната состојба, значи заради таа контрола што ја има направено во судот откривме дека на овој начин се работело“, вели Александра Зафировска, претседател на Судскиот совет на Република Македонија.

Приведените се бранат од слобода и не смеат да го напуштат своето живеалиште. Судскиот совет ги суспендираше од работа до правосилноста на пресудата.

Наташа Гркова – Петрушевска