Македонското судство станува поефикасно – покажува студија на Советот на Европа
Македонското судство станува поефикасно и Македонија се наоѓа во средината на табелата во Европа според студијата на Советот на Европа, изработена од Европска комисија за ефикасност на судството (ЕКЕС). Притоа нашата земја Македонија му посветува 4% од својот буџет на правосудството, со што таа се најде на второто место меѓу 45 земји.

Станува збор за серизона и ригорозна споредбена студија на европските правосудни системи. Таа се изработува секоја втора година од Европска комисија за ефикасност на судството при Советот на Европа и опфаќа над 3 милиони податоци од правосудните системи на 45 земји.
Во годинашново издание опфатени се податоците од 2012 година. Така, Македонија се наоѓа на второто место според издвоениот буџет за правосудниот систем со 4%, просечно, во сите земји се издвојува 2,2% од буџетот. Македонија со буџетските напори се наоѓа на високото осмо место и според пресметката направена во однос на ДБП и по жител со 0,473%, додека просекот е 0,33%.
Според бројот на судиите 32,4 за 100 000 жители Македонија се наоѓа во горниот дел на табелата. Имено средната бројка е 17,41 а просечната е 19,27 а просечната. Со 10 обвинители за 100 000 жители таа е исто така во просекот, а е над средниот според бројот на адвокати. Во Македонија во 2012 година имало 2498 адвокати, односно 121,1 на 100 000 жители или 3,7 адвокати за секој судија. Во Европа средната бројка на адвокати е 112,6, додека просекот е 161,4 насто. Македонското судство е ефикасно. Македонија се наоѓа во средината на табелата, во делот за судските постапки по граѓански и трговски предмети во првостепените судови ово 2012 година во однос на 100 000 жители пристигнувале 1668 нови предмети, додека биле решени 2185. Иако рокот за обработка на предметите е се уште голем, можно е подобрување. но може да се очекува подобрување со подобрувањето на капацитетот за апсорпција на новите предмети, што би се одразило позитивно врз времетрањето на судските постапки.
„Ние посакуваме извештајот да биде проучуван како вистинско јавно средство од министрите и парламентите за да продолжат со ориентацијата на нивните реформи во насока на фунадменталните принципи на Советот на Европа. Односно да се продолжи со инвестирањето во правосудството, за да се дадат средства за да правдата функционира,“ рече Стефан Лејенбергер, Секретар на Европската комисија за ефикасност на судството.
Во извештајот се наведени и предвидените реформи на правосудниот систем, како на пример рамката за развој на судскиот систем за периодот 2014-2017 година, усвоен ланската година од Владата.
Тони Гламчевски
