Одбојка СП жени – Италија 2014

Русинките елиминирани!

11.10.2014 10:14

Седумкратниот светски првак Русија нема да ги брани двете злата по ред на одбојкарскиот женски мундијал. „Зборнаја“ во завршното коло загуби од Италија со 3:1 и им го препушти полуфиналното место од групата Е на Американките. Како први, „азурите“ кои се домаќини, за пласман во второто финале по шампионската 2002-ра, ќе играат против Кина. Двојниот светски првак од осумдесетите, Кина во големата четворка влезе благодарение на победата на Бразил против Доминиканската Република од 3:0.

Кариоките кои немаат злато, а интересно на последните две првенства загубија само два меча и тоа во финалињата од Русија, за противник ќе ги имаат Соединетите Американски Држави. Преносите од утрешните полуфиналиња ќе бидат на МРТ собранискиот сервис и тоа Бразил – САД во 17.30 и Италија – Кина во 20 часот и 45 минути.