Во Англија, фудбалот како подарок на „Боксинг деј“

26.12.2013 13:23

Англискиот фудбал има огромна традиција на играње натпревари на 26 декември. Популарниот „Боксинг деј“ го добил името од некогашниот обичај, кога богатите им предавале кутии со божикни подароци на сиромашните. Уште кога во текот на летото се формира календарот за шампионатот, навивачите со нерпение очекуваат да проверат со кого играат нивните екипи, бидејќи често се случува трибините да ги посетуваат цели семејства.

Во повеќето држави, во првенствата постои зимска пауза, но во Англија лигашки натпревари се играат во текот на целиот празничен период. По традиција, на овој ден често меѓу себе вкрстуваат локални или регионални ривали, коишто не се премногу оддалечени еден од друг, за да се избегне навивачите да имаат премногу да патуваат во денот по Божик, кога секако превозот е редуциран.

Дел од странските фудбалери коишто настапуваат во Премиер Лигата се жалат дека е тешко да се игра во текот на божикниот период, но многумина сепак прифаќаат дека тоа е дел од англиската традиција и самите уживаат во интензивната програма којашто вообичаено содржи по три премиерлигашки натпревари и почетокот на возбудувањата во ФА Купот, со третото коло..

Годинашниот 26 декември се играат лигашки натпревари во сите конкуренции во англискиот и во шкотскиот фудбал. Во елитната конкуренција во Премиер Лигата на програмата е 18.коло, со дуелите: Манчестер Сити-Ливерпул, Вест Хем-Арсенал, Челзи-Свонси, Евертон-Сандерленд, Њукасл-Стоук, Тотенхем-ВБА, Хал-Манчестер Јунајтед, Астон Вила-Кристал Палас, Кардиф-Саутемптон и Норич-Фулам.