Хрватска триумфално низ Софија!
Интересна вечер понуди второто коло во групите А, Б и Х во квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2016-та.
Во конкуренцијата А, Холандија со пресврт го совлада Казахстан со 3:1 за третата позиција со три бода. Први со по шест се Исланд кој славеше кај Летонија со 3:0 и Чешка која со 2:1 беше подобра на гостувањето против Турција.

Босна и Херцеговина го освои првиот бод во групата Б и тоа се нерешените 0:0 во Кардиф против Велс, но остана претпоследна. Велшаните се први со четири бода. Белгија е втора со три, но и со натпревар помалку откако беше убедлива против Андора со 6:0. Израел и Кипар имаат исто така по три бода, по гостинската победа на Израелците во меѓусебниот дуел со 2:1.
Важна победа оствари Хрватска во Софија со 1:0 против Бугарија и само поради послабата гол разлика е втора во сегментот Х. Лидерот со шест бода Италија триумфираше против Азербејџан со 2:1. Норевшка е трета со три бода по победата на гости против Малта со 3:0.