Одбојка СП жени – Италија 2014

Почеток на медал распределбата

11.10.2014 12:41

Светското првенство за одбојкарки во Италија влезе во највозбудливата своја фаза. Мундијалско полуфинале со четири селекции гиганти во светската одбојка: Бразил,Сад, Италија и Кина. Зад себе оставија долг натпреварувачки пат. А ,пред себе го имаат големиот императив, влез во финалето.

Светското првенство за одбојкарки во Италија влезе во највозбудливата своја фаза. Мундијалско полуфинале со четири селекции гиганти во светската одбојка: Бразил,Сад, Италија и Кина. Зад себе оставија долг натпреварувачки пат. А ,пред себе го имаат големиот императив, влез во финалето.

Први под светлоста на „Медиоланум форум“ во Милано ќе истрчаат селекциите на Бразил и САД. Репрезентации со исклучително резултатско минато, во кое недостасува златниот мундијалски медал. Американките ќе се обидат петти пат да бидат дел од завршниот спектакл, Бразилките три пати досега ја прескокнале полуфиналната бариера. Осум пати досега меѓусебно ги вкрстувале копјата на светските првенства, на последните четири дуели Бразилките имаат три победи. Последната пред неколку дена во Верона во втората фаза кога ги „разнесоа“ Американките со 3:0. Бразил е единствената селекција, која на ова светско првенство е без пораз: 11 натпревари досега завршени со победнички кренати раце, со само 4 загубени сета.

Полуфиналната вечер ќе ја финализираат Италија и Кина. Двата состава ја паметат 2002-та година , кога Италијанките  со успех над Кина  стигнаа до финалето, а потоа и до златниот медал. Кинеските од тогаш чекаат цели  12 години за да се кренат одново во медал височините. Во рамките на групната фаза Италијанките беа подобри со 3:1, денеска фанатична поддршка ќе имаат и од 13000 гледачи во Милано.Следи магична одбојкарска вечер! Достапна и за телевизискиот аудиториум во нашава земја со посредство на МРТВ.

Светско првенство: Милано- ½ финале

17.30 Бразил-САД-пренос МРТ

20.45 Италија-Кина-пренос МРТ