Огномет и импровизиран напад на Прилеп
Прилеп достоинствено ги почна чествувањата за 11 октомври, денот на почетокот на народното востание. И годинава не изостанаа огнометот и импровизираниот напад. Прилепчани и гостите празнично радосни...

Огномет и традиционален импровизиран напад на градот – за потсетување на историските настани 41 та кога почна народното востание. Вака неколку илјади прилепчани го започнаа одбележувањето на празникот. Семејно, традиционално, заедно на прослава.
„Октомври е најголемиот празник“.
„Убаво е, излеговме со внуците.“
„Со друштвото го чекаме огнометот да почне.“
„И ние сакаме да го одбележиме овој ден и да го видиме огнометот“, велат прилепчани.
Гостите воодушевени од атмосферата. Некои се чувствуваат подеднакво радосно.
„Многу е убаво. Ми се допаѓа“.
„Честит празник. Ние сме странци, од Америка, ама живееме овде. Убаво е, нашите деца се чувствуваат македонски“, велат странските гости.
11 Октомври е датум за гордост, аманет на македонските партизани. Прилеп е мост меѓу минатото и сегашноста, е пораката за празникот.
„Тоа е историја и минато на кои секогаш достојно со почит се сеќаваме. Борбата на сегашните и идни генерации е економски просперитет и на Пирлеп и на македонија и нивно евроатланско интегрирање“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Чествувањата на денот на празникот значат почит за 650-те жртви и 10 херои што ги дал Прилеп во народното востание.
Елизабета Митреска
