Велешани полесно до нови работни места
Со едно вработување во некоја од компаниите, кои градат во зоните во Велес, корист ќе имаат уште 6 лица. Малите домашни фирми кои ќе ги извршуваат услужните и ситните производствени дејности ќе обезбедат сопствен развој, а ќе испратат и позитивен импулс до други странски инвеститори за поволната бизнис-клима во земјава...

Првата странска инвестиција на германски Маркард ќе го извлече Велес од две и пол децениското економско сивило. Фабриката што се гради во зоната Караслари за почеток ќе вработи 600 лица со што ќе ја подобри состојбата со вработеноста и ќе додаде нов позитивен импулс. Но за локалната економија многу значајни се и индиректните придобивки од вработувањата.
„Ако 500-600 вработени се вработени кај нас, 3000 луѓе ќе бидат инволвирани во секаков тип на продажба на дали било пенкало дали било хартија или што да е околу тоа што сме ние,“ рече Волфганг Аихер, генерален директор на Маркарт.
За економски раст, значајно е дали инветсицијата на Маркарт ќе се реализира според планираното.
„Доколку овој инвеститор е и понатаму задоволен од бизнис климата и условите за водење на бизнис во Велес се разбира и од продуктивноста на вработените сосема е реално со позитивни усни препораки да придонесе за привлекување на нови странски и домашни инвеститори“, рече Игор Андреев, експерт за локален економски развој
Стабилноста на економијата многу зависи и од развојот на домашните компании. Преку обезбедување поволни кредитни линии,очекувањата се дека компаниите економски ке јакнат а со тоа ќе се создава и можност за отварање нови работни места.
„Имаме околу 250 вработувања преку евтините кредитеи кои се даваат преку МБПР каде преку 20 компании од Велес ја искористија можноста за добивање на евтини кредити“, рече Зоран Ставревски, министер за финансии.
Велес има 8.100 невработени лица.Шеесет проценти се пасивни баратели, останатите 40 активно бараат вработувања.
Преку владините активните мерки за самовработување, 900 велешани започнувајки семеен бизнис, засебе си обезбедиле работно место.
Околу 2000 велешани во последните две година успеале да се вработат во компаниите кои работат во индустриските зони.
Дијана Иванова
