Турски агрономи ќе ги едуцираат македонските земјоделци
За две години земјоделското производство во земјава ќе доживее вистинска научна експанзија. Најавениот саем на отворено, ќе ги прикаже сите сорти, фази и плодови на одредени земјоделски производи. Проектот ќе го водат туриски агрономи кои досега на овој начин обучиле земјоделци и од други држави.

На 20 хектари површина меѓу Пиперево и Добрашинци во општина Василево ќе се простира првиот саем на отворено на земјоделски производи и механизација во Македонија, но и во регионот. Како виреат одредени семенски материјали, каков е родот што го даваат, како современата механизација го обработува земјиштето, но и го собира родот на лице место ќе видат заитересираните земјоделци и производители. Подготовките се започнати, а саемот ќе биде отворен во средината на 2016 година.
„Од засадување, од семе па до финален производ. Обве ќе има домати, пиперка, краставица, пченка, пченица, сите земјдолески култури кои ќе постојат и плус земјоделска механизација, трактори и приклучна механизација“, рече Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.
Четворица турски агрономи ќе ги обучуваат нивните македондки колеги на кои површини која култура да биде посеана. Партнер на првиот саем на отворено е турската кооперацијаФуарџилик која располага со околу 75 илјади хектари површина, а во која членуваат околу 2000 земјоделци. Заедно со гермнската ДиЕрЏи ќе работат во организацијата на саемот во Македонија.
„Бидејќи едукацијта е многу значајна во рамките на овие саеми, организираме технички обуки, некои вид на форуми преку кои луѓето добиваат различен вид на едукација“, рече Незих Сурајан, директор на Фуарџилик.
Турската кооперација од друга страна е пример за земјоделско задругарство, а годишно прават обрт од 25 милиони евра. Најавите се првиот Саем на отворено да премине во традиционална манифестација која ќе се организира во Македонија.
Катерина Давчева
