Денес ќе се знае дали починатиот Британец е заразен со ебола

11.10.2014 17:20

Денеска попладне се очекува да пристигнат резултатите од анализите на лабораторијата во Хамбург, каде што се испитува дали починатиот Британец бил заболен од ебола. Иако здравствените власти сметаат дека е мала веројатноста дека станува збор за вирусот ебола, сепак го подигнаа нивото на заштитни мерки.

Починатиот британски бизнисмен Колин Џефри немал крварење од сите делови на телото како кај ебола туку само од устата што отвара сомнеж дека се работи за нешто друго, велат надлежните. Неговиот пријател со кој бил дојден во земјава Мајкал Инглиш е во карантин заедно со уште 25 луѓе во хотелот „Супер 8’ каде што престојувал починатиот. Таму постојано има медицинска екипа која ја следи нивната здравствена состојба. На клиниката за инфективни болести има уште 10-тина луѓе под карантин.