Велешани ја направија најголемата пастрамајлија во Македонија
Вчера во Велес почна единаесетиот фестивал на виното и питата а денеска веќе организаторите соопштија дека срушени се сите рекорди. Со три метри и триесет сантиметри направена пита пастрмајлија велешките пекари и понатаму го држат рекордот на подготовка на најголемата пита во Македонија...

Во Велес се пресече најголемата пита пастрмајлија во Македонија. Петмина искусни мајстори по неколу часа работа направија пита големина три метри и триесет сантиметри.
„Беа употребени 20 килограми тесто, 18 килограми месо,150 јајца, беше печена еден час, ја правевме пет мајстори“, рече Васко Стојчев, пекар.
Единаесетиот фестивал на вино и пита кој почна вчера во Велес, не само што го сруши рекордот на џиновска пита, туку и на продадени пити и вино по првиот ден.
„Имавме рекордан посетеност што се однесува за почеток за прв ден, родадени се повеќе од 10 илјади пити пастрмајлии а истовремено се испиени повеќе од триипол тони вино“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес
Домаќините и гостите уште од рано се насладуваа со специјалитетот стар 145 години.
„Дојдовме од Скопје само да ја пробаме питата велешка, многу убава е, најубава во Македонија“,
„Одлично, извонредно нешто што стварно во Велес е добро.“
„Да си ја почастат душата, неможеме нон стоп да работиме малку да си дадеме благодет“, велат анкетираните гости.
Фестивалската колминација организаторите очекуваат да се случи вечерва кога на специјално подготвената сцена ќе настапат познати естрадни звезди.
Дијана Иванова
