Владини делегации положија цвеќиња на повеќе спомен обележија
Повод празникот, делегација на Владата на Република Македонија предводена од вицепремиерот Фатмир Бесими положи свежи цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел, на спомениците на генерал Михајло Апостолски и на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Владини делегации положија свежи цвеќиња и пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и споменикот на паднатите херои за Македонија, како и на спомен белезите во Прилеп, пред могилата на непобедените и во Куманово, на спомен костурницата.