Прилеп

11 Октомври - почетокот на вториот Илинден

11.10.2014 18:11

11 Октомври е почетокот на вториот Илинден – незапирливиот пат до остварување на сонот – слободна и независна Македонска држава. Пораки од градот каде започна, според борците последното победоносно народно востание. Целите на борците и жртвите од народната револуција се остваруваат. МТВ објавува ексклузивна скица за нападот на 11 октомври.

Над 250 илегални куќи во Прилеп, единаесетоктомвриски победоносен истрел, близу 1000 прилепчани притворени како одмазда за почетокот на народното востание. Во такво опкружување се раѓал пркосот за конечното остварување на сонот – слободна и независна македонска држава. За прилепските борци македонското е последно но најорганизирано востание со победоносен исход.

„Целите наши беа за да бидеме за да бидеме слободни. Целите наши беа за да живееме подобро. Живееме и сега убаво, но може уште подобро, вели Благоја Чоноски“, претседател на Сојузот на борците од Прилеп.

МТВ ексклузивно ја објавува досега непознатата  скици за нападот на 11 Октомври на трите партизански групи во Прилеп, прво сопственост на семејството на Ченто, сега во Институтот за национална историја. За историчарите недвосмислен е влогот од 11 Октомври.

„Четиригодишната борба, започнувајќи од 11 Октомври 1941-та година до 1944 резултирала со Асномското формирање на Република Македонија кое што подоцна, 1991 година е официјално создавање на Македонија коко суверена и самостојна Република македонија“, вели Рубин Белчески, историчар.

Современите битки на новите генрации се на вистински пат – економски и инфраструктурен развој.

„Овие генерации, идни генерации, треба да бидеме сплотени околу зачувувањето на националниот идентитет и суверенитет на Република Македонија и економски просперитет и да ја однесеме Македонија таму каде што и е местото – во европските евроинтеграции“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Најмладите генерации со своја порака за празникот. Со љубов за Македонија.

Елизабета Митревска