Индија и Јапонија погодени од циклони

11.10.2014 18:49

12 лица се повредени во јапонскиот остров Окинава при налетот на супер тајфунот Вонг Фонг. Ветрот што дува со силина и до 230 километри на час, носејќи обилни дождови се движи кон Токио.

Во индската држава Андра Прадеш, пак, погодена од циклонот Хид Худ, најмалку 100 илјади лица се евакуирани. Големата циклонска бура која дува со јачина и до 165 километри на час се очекува да предизвика голема материјална штета долж Бенгалскиот залив. Индиските власти планираат евакуација на уште 200 илјади лица од внатрешноста на Андра Прадеш..    