Пак пораз!
Никако да му тргне на Металург во Лигата на шампионите. Трет пораз за ракометарите од Автокоманда во елитната конкуренција сезонава.

Никако да му тргне на Металург во Лигата на шампионите. Трет пораз за ракометарите од Автокоманда во елитната конкуренција сезонава.
Денеска во Загреб од Прво Плинарско Друштво со 19-17. Лино Червар не успеа да го добие тренерскиот дуел со Веселин Вујовиќ. Хрватскиот состав имаше контрола на резултатот во првото полувреме. На пауза беше 12-10, но во вториот дел металурзите фатија ритам и го свртеа резултатот. Во 44-тата минута беше 15-13 за македонскиот шампион, но и тоа не беше доволно за прва радост во елитната конкуренција во којашто Металург претходно загуби и од Пари Сен Жермен и од Мешков. Пресудија 14-те загубени топки на нашиот претставник кој повторно не можеше да го најде вистинскиот напад.
Циндриќ со четири гола беше прв стрелец, Атман и Миркуловски дадоа по три, а Митревски забележа седум одбрани. Кај Загреб, кој ја прослави втората победа сезонава, Хорват даде девет гола, седум од пенал, а одлично издание имаше и Ивиќ со 11 интервенции.
Во група „А“ Металург ќе остане на последната позиција и по третото коло. Во него Кил го совлада Мешков на гости со 25-24, а утре ПСЖ ќе ја пречека Ла Риоха.
