Кина ги расплаче Италијанките!
Величенствено полуфинале пред 12 илјади гледачи во милано, со „хепи - енд“ за Кина. 3:1 за кинеските одбојкарки против Италија за петто мундијалско финале по сребрените во 90-та и 98-та и шампионските во 82-ра и 86-та. Азијките одиграа неверојатно одбрана, го сопреа сервисот и нападот на Италијанките кои во овие елементи се нејуспешни на Светското првенство. Иако смени три техничари, Кина во офанзива ги имаше двете расположени тинејџерки, 19-гоишната Жу која освои 32 поена и 17-годишната Јуан со 16. Затоа Кина лесно поведе со 2:0 со 25:21 и 25:20.

Кога кај Италија во игра влезе втоирот коректор Диуф, домаќинот го пронајде ритамот намали на 2:1 со 25:20, поведе и со 14.11 во четвртиот сет и одеднаш несфатливо застана. Кина направи серија од 7:1, го презеде водството и ја претвори петтата меч топка во шести триумф во осумте дуели против Италија на шампионатите, овој како одмазда за полуфиналниот пораз пред 12 години.
Во утрешното финале Кина ќе игра против САД кои досега ги загубија двата мундијалски меча за титулата. Преносот че бдие на МРТ собранискиот сервис во 20 часот.
Утеха во бронзата ќе се обидат да пронајдат Италија и Бразил кој и по 17-то Светско првенство ќе остане без единствениот златен медал на големите натпреварувања.