Играчите треба да бидат искрени

12.10.2014 11:15

„Ќе играат само 100 насто подготвените, затоа барам од играчите да бидат искрени, да кажат кој колку може и колку е подготвен за мечот со Украина“-вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски пред натпреварот од квалификациите за европското првенство против Украина во Лвов.

„Ќе играат само 100 насто подготвените, затоа барам од играчите да бидат искрени, да кажат кој колку може и колку е подготвен за мечот со Украина“-вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски пред натпреварот од квалификациите за европското првенство против Украина во Лвов.

Според него двете селекции влегуваат со многу амбиции и самодоверба во претстојниот натпревар откако и Македонија и Украина славеа победи на претходните средби.„Украина е сериозен противник , ги респектираме, но ќе ја бараме нашата шанса“ додава Ѓуровски и натаму со проблеми поради повреди и замор на дел од играчите. Мојсов уште чувствува болки на вилицата, но вели е подготвен да го даде максимумот, Шиков и натаму има проблеми со повредата на коленото, а кон сето тоа се надоврза и отсуството на Демири и Ибраими.

Во таква ситуација можно е меѓу стартерите денеска да бидат Ивановски и Глигоров,но за разлика од натпреварот со Луксембург ,Ѓуровски  денеска ќе бара многу повнимателна игра од нашите фудбалери. КАко што вели, триото Јермоленко,Конопљанка и Зузула може да ја казни секоја наша грешка. Македонија ќе се обиде да наруши и една позитивна серија на Украинците. На сите досегашни натпревари што ги одиграле во Лвов не се поразени, а во одлична серија е и нивниот селектор Форменко кој откако е на украинската клупа има 12 победи, 2 реми и само 2 пораза.Но, бројките не играат. Мотивите , амбициите и самодовербата се присутни меѓу нашите фудбалери кои ветуваат максимум и добар резултат.

Натпреварот Украина –Македонија што ќе го води Делфериер од Белгија на Арена Лвов ќе почне во 18 часот , а 10-тина минути порано и преносот на првиот програмски сервис на МРТ.