Без поголеми проблеми тече изборниот ден во БиХ

12.10.2014 15:47

Општите избори во Босна и Херцеговина се одвиваат релативно добро, потврди во првата оценка на изборниот ден претседателот на централната изборна комисија Стјепан Микиќ. Тој нагласил дека имало и доцнење во отворањето на одделни изборни места, но дека не се работи за поголеми проблеми. Станува збор за помали доцнења од технички причини  не подолги од 15 до 20 минути и затоа нема да има продолжување на гласањето по 19 часот, нагласил Микиќ.

Право на глас имаат 3 милиони 278 илјади избирачи кои се евидентирани во избирачкиот список. Тие ќе избираат 518 носители на мандати. Изборите ги следат 552 меѓународни набљудувачи, а партиите акредитирале 50 илјади членови да го следат гласањето.