Завршува филмскиот фестивал “Џифони Македонија”
Вечерва се затвора уште едно успешно издание на филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија”.
Богатата програма во петте фестивалски дена им овозможи на младите на интересен и забавен начин, да дознаат нешто повеќе за себе, за другите, за пријателството, филмот и културата воопшто.
Организаторите, Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмската култура Џифони во рамките на фестивалот ги вклучија и децата од Домот без родители „11 Октомври“ кои денеска во зависност од возраста ќе се приклучат во следење на неколку филмски проекции.