Уште еден крвав ден во Ирак - Автомобили бомби убија најмалку 25 лица
Најмалку 25 лица се убиени денеска, а 60 се ранети во три одделни експлозии на автомобили бомби во ирачкиот град Бакуба, соопштија болнички извори.
Најновите напади се случуваат само ден откако загинаа 38 лица во неколку експлозии во шиитските делови на Багдад. Ирак се наоѓа во најтешка криза, откако во 2011 се повлекоа американските војници, по што сунитските екстремисти на чело со Исламската држава зазедоа скоро третина од територијата на земјата, јавуваат агенциите.