Путин нареди повлекување на руската војска од границата со Украина

12.10.2014 16:01

Рускиот претседател Владимир Путин наредил руските војници да се повлечат во постојаните бази, по завршувањето на воената вежба во Ростовската област, во близина на границата со Украина, соопшти портпарол на Кремљ.

Повлекувањето на војниците доаѓа пред најавената средба на Путин со украинскиот претседател Порошенко наредната недела во Милано.

Путин ја донел одлуката по средбата со министерот за одбарана Сергеј Шојгу. На вежбите во Ростовскиот регион летово учествувале околу 17600 војници.