Ебола

Откако се утврди дека нема ебола, се испитуваат причините за смртта на Британецот

12.10.2014 17:10

Во Институтот за патологија сеуште трае обдукцијата, јавноста веројатно ќе почека за резлутатите со податоците од анализата. Македонските власти сепак со исклучителна брзина успеаа да ги достават примероците во Германија и да ги добијат резултатите од таму...

Се знае дека Британецот не почина од смртоносната ебола. Ама кои се причините за неговата смрт веројатно ќе се знае откако ќе заврши обдукцијата. Недела е, па во Институтот за патологија вратите за посетители како нас останаа затворени. Неуспешни беа обидите да дознаеме повеќе детали до каде е со анализите.

Во Институтот за патологија сеуште трае обдукцијата, јавноста веројатно ќе почека за резлутатите со податоците од анализата.

Македонските власти сепак со исклучителна брзина успеаа да ги достават примероците во Германија и да ги добијат резултатите од таму. За Македонската телевизија ресоrниот министер Тодоров објасни дека тоа е резултат на експедитивноста на целиот тим којшто ја спроведувал оваа операција, од лекари до полиција.

„Од моментот на смртта на британскиот државјанин, до моментот на докажување поминаа 48 часа. Ова значи дека за 48 часа нашиот здравствен систем реагирал максимално сконцентрирано, се преземаа сите мерки на заштита, се направи карантин, се обезбедуваше храна за тие луѓе коишто се во карантин и се преземаа сите безбедносни мерки согласно светските протоколи за заштита од ебола“, рече министерот Тодоров.

Додека се чекаше одговорот дали еболата се вдомила во државава, нацијата беше во грч, во истовреме и се шпекулираше. А токму оние што непосредно конатктирале со него, вклучително таксистот во чие возило Британецот го остварил последното возење, тврдеа дека тој не починал од ебола туку веројатно од преголемо консумирање алкохол.

„Алкохоличар, беше“, вели таксист.

Откако властите објавија дека нема ебола, заврши и карантинот за гостите во хотелот „Супер 8“ во кој почина Британецот.

Фиљана Кока