Меѓународен ден на „Белиот стап“ - Да бидеш слеп не значи да бидеш исклучен од општеството
Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија – под ова мото годинава се одбележува меѓународниот ден на „Белиот стап“. За прв пат се одржа и трка во градскиот парк. Идејата е потенцирање на способностите, а не недостатоците на слепите лица...

Иако видот му е целосно оштетен одамна решил да не и се предава на темнината. Храбро чекори напред учејќи ги своите две деца на вистинските животни вредности. Според Гоце. Наместо да застанат исправено пред сите предизвици. Лицата со овој хендикеп самите си го отежнуваат животот, затворени во себе запаѓаат во депресија.
„Една од причините се родителите кои од некои икс причини не им дозволуваат да бидат самостојни сметајќи на она што се може да им се случи бидејќи не гледаат, од друга страна и самите немаат во себе храброст и самодоверба да излезат сами на улица“, рече Гоце Радевски, претседател на хуманитарната организација „Свето на дланка“.
Само два проценти од лицата со oштетен вид фунционираат нормално- вели Радевски кој меѓудругото е и дипломиран новинар. Вози велосипед, но само на познат терен, во неговото соседство. Честопати наоѓа време да помогне и во кујната.
„Со одреден вид помагала кои веќе ги имаме на достапност можеме да функционираме нормално, ние имаме единствен проблем тоа е пишувањето и читањето, а и тоа веќе почнуваме да го совладуваме со комјутерска технологија, звучни програми“, вели Гоце Радевски, претседател на хуманитарната организација „Свето на дланка“.
Карактерот на луѓето го препознаваат лесно благодарение на исклучително изостреното шесто сетило. Нивниот најголем проблем според радевски се архитектонските бариери и сообраќајната некултура кај голем дел од учесниците.
Да бидеш слеп не значи да бидеш исклучен од општеството. Според статистиката во Македонија има околу 2500-тини слепи лица.
Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија – под ова мото годинава се одбележува меѓународниот ден на „Белиот стап“. За прв пат се одржа и трка во градскиот парк. Идејата е потенцирање на способностите, а не недостатоците на слепите лица.
Андријана Атанасовска
