Општи избори со 7.700 кандидати и рекордни 98 партии и коалиции
3,3 милиони гласачи избираат четворица претседатели и 518 пратеници во 13 парламенти во Босна и Херцеговина. Општи избори со 7.700 кандидати и рекордни 98 партии и коалиции, ќе ги чинат босанците 4,5 милиони евра...

Во Босна и Херцеговина по седми пат, од потпишувањето на Дејтонскиот договор се одржуваат општи избори. Во списокот се запишани 3 милиони и триста илјади избирачи, кои гласаат на 5.500 избирачки места. Тие го избираат трочленото Претседателство, претседател и потпретседател на Република Српска, каде што има и најголема излезност, но и 518 пратеници во 13 парламенти: заедничкиот, на два ентитета и на уште 10 кантони општини.
„Очекувам барем малку да се смени на подобро.“
„Не очекувам повисока пензија, но очекувам да се смени нешто, да мрдне економијата, луѓето да се вработат и да имаат поправеден живот.“
„Треба да преземат младите, старите нека одат во пензија, за таму се“, велат анкетираните гласачи.
Овие избори се чини дека уште долго ќе се паметат. Пријавени се рекорден број кандидати – 7.700 и дури 98 партии и коалиции. Изборниот процес го следат 60.000 набљудувачи.
Актуелниот претседател Милорад Додиќ претендира на уште еден мандат.
„Очекувам дека изборите ќе ја потврдат стабилноста на Република Српска и дека во наредните четири години ќе обезбеди прво целосна институционална стабилност, а потоа и раст на економијата и се што е неопходно и во што најмногу верува народот кој гласа денес“, рече Милорад Додиќ, кандидат за претседател на Р. Српска.
Овие избори чинат 4,5 милиони евра, првичните резултати ке ги има на полноќ а официјалните ќе се чекаат најдоцна до 11- ноември.
Елизабета Кузмановска
