Се зголемува бројот на пушачи во Велес

12.10.2014 17:35

Цигарите се штетни по здравјето, но пушачите многу тешко се одвикнуваат од овој порок. Загрижува фактот што по цигара посегнуваат и малолетниците. Центарот за јавно здравје преку советување ќе се обиде да ја промени состојбата...

Со секоја запалена цигара, пушачите во себе внесуваат, бензен, ацетон, амоњак, арсеник, никотин, хидроген цијанид и многу други канцерогени материи. Анкетираните пушачи знаат дека на коцка го ставаат своето здравје, но од цигарата велат дека неможат да се откажат.

„Триесет години пушам и неможам да се откажам.“

„Па скоро сме станале зависни“, велат анкетираните велешани.

Иако ретки има и такви кои навреме ја согледале опасноста.

„Пушач бев на времето, триесет години веќе непушам“, вели анкетиран велешанец

Според светската статистика секој ден својата прва цигара ја палат 3000 малолетници. Малкумина водат грижа за фактот дека колку порано се почне со пушење толку потешко ќе може да се одвикнат. Болестите кои се дирекна последица од цигарите, за пушачите како воопшто да не се важни.

„Бројката на наши пациенти кои користет цигари е од ден на ден се поголема.И тука мислам дека нешто сериозно треба да се превземе,“ рече д-р Лилија Чолакова Дервишева.

По препорака на ресорното министерство, Центрите за јавно здравје веќе отворија советувалишта за одвикнување од пушењето.

„Со директорите на училиштата ке исконтактираме, ке се организираме, ќе бидеме присутни прво кај нив да ја изнесеме која е намената на нашето советувалиште и да одиме понатаму да формираме групи“, рече др.Ефтим Димитриев, Центар за јавно здравје.

Колку побројни кампањи, толку поголеми се шанситеза одвикнување од овој порок.

Сопствениците на продажните места каде се продаваат цигари нескаат да зборуваат пред камера.зад камера велат загрижува фактот што се повеќе малолетни деца бараат да купат цигари, она што е новина е желбата да с екупи цигара на парче.

Според СЗО, со годишна продажба од еден трилион, цигарата е најпродаваниот продукт на планетата.

Дијана Иванова