Градежната оператива под полна пареа
Со новите средства одобрени од Светката банка за регионални патиша македонските власти планираат изградба на неколку делници, Битола - Ресен, Крива Паланка - Ранковце, Дебар - Бошков Мост, Кочани - Делчево и Делчево – Голак...

Градежниците пред сериозен предизвик. Ги очекува многу работа. Се градат трите автопатски делници, а е најавена изградба и на нови регионални патни правци со пари од Светската банка.
„Градежништвото во Македонија ја живее најголемата експанзија во својата историја. Очекуваме дека ќе најдеме и технички и стручни сили да одговориме на овие проекти“, вели Сеад Кочан, претседател на градежната комора.
Светската банка на Македонија и одобри кредит од 52 милиони евра, за изградба на повеќе патни правци. Градежната оператива ќе работи под полна пареа.
Со новите средства одобрени од Светката банка за регионални патиша македонските власти планираат изградба на неколку делници, Битола - Ресен, Крива Паланка - Ранковце, Дебар - Бошков Мост, Кочани - Делчево и Делчево – Голак.
Бизнис секторот очекува од изградбата да има бенефит целата економија.
„На краток рок зголемување на вработувањата, зголемување на работни ангажани. На среден рок ќе имаме зголемување на куповната моќ на граѓаните кои ќе бидат вклучени во изработка на овие проекти, а на долг рок ќе имаме зголемена економска конкурентност“, вели Сеад Кочан.
Првиот финансиер очекува дека Светска банка, позитивно ќе одговори и дополнително ќе го одврзе ќесето.
„Договоривме уште нови 105 милиони евра за десетина други патни правци во Република Македонија, коишто ќе ги опфатат делот од Ранковце до Крива Паланка и други патишта што се значајни за подобрување на патната инфраструктура“, рече Зоран Ставрески, министер за финансии.
Со изведбата на овие проекти градежните фирми очекуваат поевтини репроматеријали и зголемена конкурентност во регионот.
Лука Андреев
