Украина – Македонија 1:0

12.10.2014 23:14

Беа блиску до бод, играа добро, но македонските фудбалери, сепак, со пораз ќе се вратат од Украина. Загубија со 1-0 во Лвов, во квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016-тата.

Освен во два периода на почетокот на натпреварот и веднаш по паузата, нашата репрезентација беше рамноправен, дури и подобар противник од Украина. Без оглед на поголемата контрола на топката, Македонија ги имаше најконкретните шанси за гол во првиот дел. Јаховиќ во 21-та минута не ја искористи асистенцијата на Алиоски. Пјатов спречи наше водство.

До мрежата на Украинците бевме блиску и по шутевите на Абдурахими и на Адеми, првиот во рамки на голот, вториот непрецизен. Како одминуваше мечот Македонија делуваше се постабилно. се закани и Ивановски пред крајот на полувремето, но во неговите завршни секунди, слично како и на гостувањето во Шпанија, ривалот ја матираше нашата одбрана. Сидорчук го упати завршниот удар и го постигна голот што ја реши средбата.

Нашиот национален состав претрпе тежок психолошки удар, но можеше да се врати откако Украина промаши пенал на почетокот на вториот дел. Дебитантот Дамчевски фаулираше, а Јермоленко ја погоди пречката. Македонија имаше среќа, но нецелосна за да избегне пораз. Алиоски и Абдурахими имаа можности кон крајот на дуелот којшто го ззавршивме со исклучително напаѓачка формација, со Костовски, Стојков и со Велковски кои добија шанса како резервисти. За жал и тоа не го спречи вториот квалификациски пораз. Патот до втората победа ќе го бараме на 15-ти ноември кога во Скопје ќе дојде Словачка.