Турска компанија се позиционира во Бунарџик
Турски Менсан во Бунарџик ќе произведува дискови за сопирачки. Компанијата веќе ја донесла финалната одлука. Изградбата на фабриката почнува наесен. Турците во зоната ќе инвестираат пет милиони евра и ќе ангажираат 100 работници.
“Нашата инвестиција ја гледаме како една врата за отворање кон Европа.Тука сметаме дека ќе го развиеме нашето производство на дискови за сопирачки со што ќе имаме поблизок пристап до европските земји”, изјави Алев Ѓудум, претставник на Менсан

Властите откриваат дека уште 10-тина компании ја скенираат земјата и се пред носење одлуки за инвестирање. Најголем дел од нив се од автомобилскиот сектор.
“Неколку компании имаат донесено одлуки за инвестирање кои ќе ги соопштат во првиот квартал од 2014-та. Се работи за компани од САД, Германија, Франција, Италија и Турција”, изјави Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ
Мизо и претставниците на компаниите кои оперираат во слободните зони, ги сумираа резултатите за годинава и плановите за идната. Најавуваат зголемување на производството и нови вработувања. Од сегашните 25 проценти, наредната година овие компании ќе креираат 1/3 од вкупниот извоз на Република Македонија, а бројот на вработени во зоните ќе достигне 3.500. Зачудувачки, но од оние што се пријавиле на огласите на овие компании, само 20 насто биле регистрирани како невработени.
“Моментално имаме вработено 500 луѓе. До 2016-та бројот на вработени ќе достигне 650. Досега инвестиравме 130 милиони евра и морам да истакнам дека голем дел од опремата и алатите ги набавивме од локални, македонски добавувачи”, изјави Џатин Такрар, директор на Џонсон Мети
Во наредниов период засилено ќе се работи на овозможување потесна соработка меѓу локалните компании и странските инвеститори.
Мартин Пушевски