Лидерот во Бундес лигата падна на колена пред Вардар

12.10.2014 23:16

Уште една спектакуларна атмосфера во новата сала “Јане Сандански“ зачинета со уште една голема победа на Вардар. Во мечот кој ЕХФ го прогласи за натпревар на колото во Л Ш, најуспепшниот македонски клуб го пречека лидерот на Бундес лигата пред исполнтетите трибини на  кои 6 илјадната публика одново направи уникатен декор, но неизвесноста траеше само едно полувреме. Вардарци почнаа со двата гола на Карачиќ, но германците вратија со серија од четири гола, благодарение и на серијата одбрани на ландин.

Уште една спектакуларна атмосфера во новата сала “Јане Сандански“ зачинета со уште една голема победа на Вардар. Во мечот кој ЕХФ го прогласи за натпревар на колото во Л Ш, најуспепшниот македонски клуб го пречека лидерот на Бундес лигата пред исполнтетите трибини на  кои 6 илјадната публика одново направи уникатен декор, но неизвесноста траеше само едно полувреме. Вардарци почнаа со двата гола на Карачиќ, но германците вратија со серија од четири гола, благодарение и на серијата одбрани на ландин. Следуваше период на консолидација во одбраната и одлична серија на Брумен, кој најпрвин од крило а потоа и од противнапад почна да ја полни противничката мрежа. На половина од полувремето тоа резултира со водство од 9 : 7, а во последните 10 минути екипите се менуваа во водтство, за нерешен резултат на паузата 13 : 13.

Вториот дел “црвено црните“ го почнаа во голем стил, по седмото израмнување на 14 : 14 направија серија од 5 : 0, а до 42 минута дојдоа до 7 : 1. Во тој период Штербик имаше неколку бравурозни одбрани со кои ги деморализира гостите. Емотивен момент беше кога екс играчот на Рајн Некар Горбок го постигна првиот гол, а веднаш потоа и вториот за највисоката предност од 25 : 18 и веќе беше јасно дека германскиот гигант нема што да бара. До крајот вардарци играа за публика, а во таквата егзибициска игра дозволија водството да биде ублажено, за конечни 28 : 25. Брумен со 6 гола беше најдобар во вардаровиот напад, постигна еден повеќе од Душебаев и од Карачиќ, а на спротивната страна Петерсон со 7 гола беше најефикасен на средбата.

По 3 коло Вардар води во групата со 6 бода, колку што има и Веспрем по победата над Монпеље со 30 : 29, а во мечот со кој почна третото коло Цеље славеше на гости против Чеховски Медведи со 35 : 30. Во 4 коло Вардар му гостува на Монпеље, а натпеварот се игра на 19 октомври.