Будуќност убедлив против МЗТ Скопје Аеродром
Најлошото издание на новиот МЗТ Скопје Аеродром во новата АБА сезона резултираше со убедлив пораз во Подгорица. Будуќност триумфираше со 96-69, македонскиот првак и третпат загуби во „Морача“. Само неколку минути рамноправност и две симболични водства од 5-4 и 7-6 беа премалку за добар резултат против разиграниот црногорски тим, којшто ја запиша третата победа во третиот меч.

Слабата игра во одбрана од самиот почеток му даде тек на мечот. Просечното издание во напад не можеше да се мери со шутерското расположение на Црногорците, коишто се оддалечија уште по првата четвртина. Беше 27-18, разликата брзо стана двоцифрена, иако оние 52-40 на полувреме изгледаа подносливи. Но, катастрофата следуваше подоцна, кога индолентноста и незаинтересираноста во третиот и во последниот период, Будуќност ги искористи за уверлив успех. Само четири поени го делеа од стотка.
15 поени и 6 скокови кај победникот имаше Дашиќ, по 14 коша уфрлија Планиниќ и Витковац, двоцифрен беше и Шеховиќ со 11 коша. Кај МЗТ Скопје Маринковиќ забележа 17 поени и 7 скока, Цветковиќ 13 поени и по 4 скокови и асистенции, а Класен и Де Мјуинк постигнаа по 10 коша.
Во вторник шампионот ја почнува одбраната на титулата во домашното првенство против Фени Индустри, а в сабота му е наредното АБА искушение, Солнок гостува во Скопје.