Одбојка СП жени – Италија 2014

Историско злато за Американките!

13.10.2014 00:22

Чекаа и дочекаа, американските одбојкарки го освоија првиот златен медал на Светските првенства и на Олимписките игри. 3:1 во финалето на 17-от мундијал во Милано, Соединетите Американски Држави беа подобри и не и дозволија на Кина да се израдува на третото злато по пауза од 28 години. Статистички, Американките не доминираа во ниту еден елемент, но побрзо се опоравија по вчерашните полуфиналиња, беа посвежи и го искористија искуството во однос на младоста на противникот.

Чекаа и дочекаа, американските одбојкарки го освоија првиот златен медал на Светските првенства и на Олимписките игри. 3:1 во финалето на 17-от мундијал во Милано, Соединетите Американски Држави беа подобри и не и дозволија на Кина да се израдува на третото злато по пауза од 28 години. Статистички, Американките не доминираа во ниту еден елемент, но побрзо се опоравија по вчерашните полуфиналиња, беа посвежи и го искористија искуството во однос на младоста на противникот. 27:25, 30:25 за 2:0, со 25:16 Кина намали на 2:1, имаше и 23:20 во четвртот сет, но предводена од Хил на теренот и најдобриот одбојкар на 20-от век Кираљи на клупата, американската репрезентација по петти пат се искачи на мундијалскиот подиум, 26:24 во шампионскиот сет.

Женг и Хил собраа по 20 поени, Американката цело првенство го одигра на највисоко ниво, па е прогласена за најкорисна одбојкарка и се разбира влезе во најдобриот состав заедно со 19 годишната кинеска Жу на позицијата примач. Најуспешен техничар е Американката Грас, средни блокери Таиса Немезес од Бразил и Јанг од Кина, од селекцијата на „кариоките“ доаѓа и најдобриот коректор, Шеила Кастро, додека Италијанката Де Џенаро е либеро број еден.

Бразилките и овојпат останаа без мундијалското злато, единствен најсјаен медал што им недостига од големите натпреварувања, па малку се утешија во бронзата откако во пет сета го совладаа домаќинот, Италија.

18-то Светско првенство, за четири години ќе се врати во Јапонија како во 2006-та и во 2010-та.