Субвенции
Земјоделците со нови трактори
13.10.2014 09:56
612 земјоделци годинава обезбедија нови трактори. Државата им плати половина од неговата цена или од вредноста на купената приклучна механизација...

Привршува потпишувањето на договори со земјоделците за обновување на механизацијата и опремата.
Поради големиот интересот за набавка на трактори, првичната сума е зголемена за скоро 2,3 милиони евра со цел сите што ги исполнуваат условите да добијат и субвенции.
Од 800 пријавени на повеќе од 600 фармери државата ќе им плати половина од цената.
Нема ограничување во однос на големината или потеклото на тракторите освен за нивната намена, односно за житни и фуражни култури.
За другото производство може да се конкурира за европските пари од ИПАРД програмата.
Методија Трајков
