Нестабилното време ги зголеми повиците на „Ало докторе“

13.10.2014 10:19

За само четири недели се регистрирани околу 3 илјади и 800 јавувања за медицински совети...

Нестабилното време предизвика зголемен број на јавувања на бесплатната линија 15 123 „Ало докторе“. За само четири недели се регистрирани околу 3 илјади и 800 јавувања за медицински совети.

На 33 лица им е укажана медицинска помош од дежурните лекари, веднаш по јавувањето на бесплатната линија, на која дежураат 17 врвни македонски специјалисти.

Телефонска линија за медицински совети во изминативе два дена, со пресек до 22 часот имаше вкупно 323 повици.

На сите граѓани кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, соопштуваат од Здравствениот дом- Скопје.

На телефонската линија совет побарале граѓани од сите градови на Република Македонија, а повиците најчесто се поврзани со медицински совет во врска со крвниот притисок, покачена телесна температура и респираторни симптоми предизвикани од променливите временски услови.