Во Солун уапсен поранешен кошаркар на МЗТ и Арис

12.10.2014 15:54

Солунската полиција пред три дена го уапси 45 годишниот поранешен кошаркар Михаил Мишунов поради поседување 1, 5 килограми хашиш. При апсењето хашишот бил пронајден во торба, спакуван во две тегли.

Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, Мишунов кој што беше дел од екипата на МЗТ Скопје и на Арис од Солун, според информациите во дел од грчките медиуми е натурализиран Грк, а ова не му е прв судир со законот.

Во 2010 беше обвинет за нелегална трговија со оружје и автомобили и беше осуден на затворска казна од десет години и осум месеци поради поседување противтенковски и ракетни фрлачи. 

Во 2004 беше обвинет и осуден за измама со фалсификувани кредитни кратици.

Марија Котовска, постојан дописник на МРТ од Атина