Турција ги отвори воздушните пристаништа за напади против ИДИЛ

13.10.2014 11:34

Во Кобане продолжуваат воздушните напади по ноќешните борби во кои курдските борци го запреа напредувањето на џихадистите...

Турција одобри САД и коалициските сили да ги користат нејзините воени бази за воздушните напади против Исламска Држава.

„Не побаравме од Турците копнени сили во Сирија, но се обврзаа да им дозволат на САД и коалицијата да ги користат базите во Турција и да ја обучуваат сириската опозиција“, изјави Сузан Рајс, советник за безбедност на САД.

Во Кобане продолжуваат воздушните напади по ноќешните борби во кои курдските борци го запреа напредувањето на џихадистите.

ИДИЛ прати нова порака преку заробениот британски новинар Кантли–сите што се надеваат на суптилна хируршка интервенција без да си ги извалкаат рацете, ќе бидат ужасно изненадени кога таа ќе биде изведена.