Се испитува пропустот што доведе до пренос на ебола на територијата на САД

13.10.2014 11:37

Американскиот Центар за контрола на болести го испитува пропустот во протколот што доведе до прв пренос на еболата на територија на САД. Се претпоставува дека медицинската сестра се заразила при дијализата на веќе починатиот пациент Томас Данкан. Од болницата ја испратиле дома бидејќи имала висока температура.

„Не знаеме што се случило при лекувањето на првиот пациент во Далас, но во некој момент бил прекршен протоколот што резултирало со пренос на вирусот“, изјави Томас Фрајден, директор на Центарот за контрола на болести.

Во Либерија, медицинските сестри и асистенти планираат штрајк среде епидемијата за зголемување на надоместокот за лекување на заразените со ебола.