Блокиран меѓународниот пат од Бугарија кон Македонија
Граѓаните на Ќустендил го изразуваат своето незадоволство од изборните резултати на предвремените парламентарни избори...

Меѓународниот пат од Бугарија кон Македонија, поточно делницата од Ќустендил кон бугарскиот граничен премин Ѓуешево, денеска претпладне ќе биде блокиран, поради масовен протест на граѓаните од Ќустендил, пренесува бугарскиот портал „Дарик њуз“.
Тие на овој начин го изразуваат своето незадоволство од изборните резултати на предвремените парламентарни избори, одржани на 5 октомври, според кои партијата на Турците-Движење за права и слобода (ДПС) освои мандат во Ќустендилската област за 43-то Народно собрание на Бугарија.
Блокадата ќе започне во 11 часот по македонско време, со автомобилска поворка од плоштадот во Ќустендил по меѓународниот пат кон Македонија, се до клучката за пограничното село Жилинци, во непосредна близина на граничниот премин.
