Амбасадорите на состанок кај Попоски

26.12.2013 14:16

Денеска  во  Министерството за надворешни работи беше одржан првиот дел од редовниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Репубика Македонија. На состанокот, кој го водеше министерот за надворешни работи Никола Попоски, беше направено резиме за најважните случувања во текот на годината.

Денеска  во  Министерството за надворешни работи беше одржан првиот дел од редовниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Репубика Македонија. На состанокот, кој го водеше министерот за надворешни работи Никола Попоски, беше направено резиме за најважните случувања во текот на годината. “Оваа година воведовме суштествени промени: воведовме нов закон, методологија на оценување, чекори кон попредвидлива кариера за мотивирани дипломати,” потенцираше министерот Попоски.  Во продолжение додаде “Бевме изгласани за членство во Советот за човекови права на Обединетите нации со 177 гласа, во година кога обележавме дваесет години членство во ООН и две децении дипломатски односи со дваесет и две земји. Реформскиот процес кој Владата континуирано го спроведува беше признат по петти пат од страна на Европската Комисија”. Оваа година ја проширивме и нашата дипломатска претставеност, отвoрајќи амбасада во Јапонија, а идната година ќе отвориме амбасади и во Казахстан, Обединети арапски емирати и Бразил. Министерот Попоски ги разгледа клучните теми кои претстојат на македонската дипломатија и сподели насоки и инструкции за активностите на македонската дипломатија во 2014 година. Гледајќи нанапред, министерот Попоски потенцираше: „Факт е дека колку Македонија ќе ја има во ЕУ зависи од Атина. Но колку Европа ќе ја има во Македонија зависи само од нас. Токму затоа ќе работиме на европскиот проект дома и ке твориме европски проекти со соседите.Амбасадорите ќе се сретнат со Претседателот на државата Ѓорге Иванов и со Министерот за здравство Никола Тодоров кој ќе се осврне на промоција на здравството.