Обештетување: Штедачите од ТАТ ќе добијат по 1% од своите заштеди
Повеќе од 6 илјади штедачи, во наредните неколку дена ќе добијат по 1 процент од своите признати штедни заштеди што ги загубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачницата ТАТ Битола, која банкротира во 1997 година.

По продажбата на златото и златниот накит на директорката Соња Никoловска, којшто со правосилна судска пресуда им беше доделен на штедачите, за нешто повеќе од 150 илјади евра, и со средствата од продажбата на хипотеките, стечајниот управник на ТАТ донесе одлука да им се исплати на “татовци“ најминималниот дел од штедните влогови.
За обештетување на штедачите ќе бидат издвоени над 15 милиони денари!