Старото кино во Кисела Вода ќе стане современ Дом на културата

13.10.2014 13:49

Со изградбата на овој мултимедијален објект, ќе се збогати културната понуда во оваа општина...

Се реконструира старото кино во Кисела Вода, ќе прерасне во современ дом на културата. Со изградбата на овој мултимедијален објект, ќе се збогати културната понуда во оваа општина.

„Овој објект ќе биде од огромно значење за сите граѓани на Кисела Вода. Во овој објект порано се сеќавам на времето доаѓавме често, следевме голем број на филмски претстави бидејќи ова беше кино сала. Со изградбата на овој мултимедијален објект мислам дека ќе има најразлични содржини, една побогата културна понуда во Кисела Вода“, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, при денешната посета на објектот.

Финансиите се обезбедени и оваа година во буџетот на Министерството за култура.

„Ваков репрезентативен објект заслужува оваа општина како најстара со оглед на фактот дека во моментов сигурно има над 70.000 жители. Очекуваме во иднина овој простор да биде заживеан онака како што заслужува. Имаме некакви првични идеи како би функционирал“, додаде градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Објектот до крајот на 2015-та година ќе биде целосно завршен, токму во одбележувањето на големиот јубилеј во постоењето на Кисела Вода.