Кошарка, АБА Лига

Будуќност тешко се минува, но МЗТ допрва го бара вистинскиот курс

13.10.2014 13:50

За само пет дена, фрапантно поразлично издание на македонскиот кошаркарски првак. „Морача“ по традиција е бастион којшто МЗТ Скопје не може да го освои, но овој пат нашиот тим покажа најмалку на соочувањата со Будуќност. Не боли толку поразот од 27 разлика, колку што разочарува целосниот впечаток на второто гостување сезонава. Неуспех како неуспех, со вистински пристап се надминува, но остануваат дилемите.

Зошто индолентноста и незаинтересираноста, особено изразена откако противникот се оддалечи? Зошто предвремено предавање, иако се на паркетот одеше во прилог на нов триумф на Будуќност? Како тоа брзо се заборави основната идеја на тренерот Сагадин дека одбраната носи победи, а оти МЗТ може да победи секого, ако го задржи под 70 коша? Каде преку ноќ исчезна дефанзивата покажана против Задар, за која стратегот рече дека почнала да заличува на она што тој го бара? Кога ќе почне промоцијата на млади играчи

Почеток на сезоната е, се уште тимот се компонира, не е дефиниран ниту целосниот ростер. Скусениот буџет ограничува, но амбициите не се многу поразлични од лани. Можно е и уште некое ново име во составот, се споменува младиот Словенец Клемен Препелич, но со него или без него, допрва претстои создавањето витински идентитет. Тоа го карактеризираше клубот до пред некое време, во шампионските години, но по овој бурен транзициски период очигледно недостасува.

Дали во тој поглед ќе помогне тоа што МЗТ преку недела првпат покрај АБА ќе игра и во домашното првенство, ќе може да се види уште в среда. Фени Индустри е првиот македонски тим којшто ќе сака да гребне од рејтингот на шампионот. Веќе в сабота во Скопје доаѓа Солнок. Од тој дуел значително ќе зависи натамошниот курс во регионалното опкружување.