Македонските и белгијските лекари ќе соработуваат
Македонски лекари ќе се дообразуваат и ќе оперираат во 7 универзитетски болници во Белгија, и белгиски лекари ќе работат во македонските болници. Најмногу од нив се кардиоваскуларни хирурзи. Министерот за здравство, Никола Тодоров потпиша меморандум за соработка со претседателот на Фондацијата за здравствена заштита од Белгија, д-р Жак де Тоуф.

Министерот Тодоров истакна дека со меморандумот се овозможуваат едукации за доктори-специјалисти, медицински сестри, рентген-техничари и други здравствени работници, како и за останатиот медицински и технички персонал и организациските менаџери од Република Македонија, во болниците-членки на оваа фондација (меѓу кои се реномираните универзитетски болници во Брисел, Лувен, Едит Кавели – групација на врвни приватни болници, и други).
Особено ќе се фокусираме на соработка во следните медицински области: кардиохирургија, гинеколошка онкологија, трансплантација, лапараскопска хирургија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, радиологија и радиотерапија, како и интерна медицина, општа хирургија, педијатрија, гинекологија, ортопедска хирургија, офталмологија, дерматологија и други области, посочи министерот Тодоров.
Нагласи дека со воспоставената соработка се предвидува медицински експерти од болниците-членки на фондацијата да спроведуваат обуки на кадарот од повеќе медицински центри во Република Македонија.