Иванов ги прими акредитивите од новите амбасадори на Турција и Шпанија

13.10.2014 14:49

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Турција и на Кралството Шпанија за Република Македонија.
 
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата со новоименуваниот турски амбасадор Омур Шолендил било изразено задоволство за одличните билатерални односи помеѓу Македонија и Турција кои се на ниво на стратешко партнерство, и подготвеност за натамошно интензивирање и продлабочување на соработката во економијата, туризмот, културата, образованието  и во други области од взаемен интерес.

Претседателот Иванов истакнал дека високо се цени фактот што Република Турција е долгогодишен и гласен поддржувач на употребата на уставното имe на нашата држава, и еден од најгласните промотори за интеграција на Македонија во НАТО.
 
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранс, било изразено задоволство од пријателските македонско–шпански односи кои оваа година прослуваат јубилеј - 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, како и очекување за интензивирање на политичкиот дијалог, и продлабочување на соработката во сферата на економијата, образованието и науката.
 
Претседателот Иванов изразил благодарност за досегашната поддршка од Кралството Шпанија на планот на македонските европски и евроатланските интеграции, изразувајќи надеж дека ќе продолжи и во наредниот период.